Понеделник, 20 2013

MacedonianEnglish
Локација: News Media and Internet „Трето полувреме“ - обид за политизирање! 2. дел

„Трето полувреме“ - обид за политизирање! 2. дел

E-mail Print PDF
No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Понатаму во книгата Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот, авторот добро ги опишува и типичните негации со кои се служат дел од современите бугарски политички функционери и дипломати во врска со депортацијата на Евреите од Македонија за време на Втората светска војна:

Зошто тие треба да нè потсетуваат на оваа трагедија токму сега, кога одаваме чест на избавувањето на Евреите од Бугарија; го прават ова со цел само да ја омаловажат оваа светла страница од нашата историја.

Како и обидите за оправдување и префрлање на вината:

Сето ова се случи под притисок на Хитлер, немавме вистинска контрола таму, тие - Евреите од Тракија и Македонија - не беа бугарски граѓани ... Германците и Хитлер го направија тоа, тие управуваа таму, ништо не можеше да се стори.

И настојувањата за релативизирање на депортацијата на Македонските Евреи:

Зошто треба да се потсетиме на 12 000 жртви, кога ние имаме спасено 50 000, а 6 000 000 Евреи се убиени низ цела Европа?

Сиве овие реченици на оправдување, негација и префрлање на одговорноста и вината за депортирањето на Евреите од Македонија, делуваат познато затоа што со истите тие реченици и во врска со македонскиот филм Трето полувреме се послужија некои Бугари.

За политиката на сокривање и отфрлање на вината од страна на Бугарија во врска со депортацијата на Евреите, Nissim Yosha пишува:

Уште од крајот на војната Бугарија постојано потсетувa на нејзината наводно позитивна улога во однос на Евреите од старa Бугарија, а во исто време ги сокрива нејзините сурови анти-семитски закони и кривичните дела против Евреите екстрадирани за истребување.

Бугарија никогаш не ги призна нејзините злосторства, никогаш не побара прошка од жртвите, никогаш не понуди да се вратат имотите, но многу добро знае да побара заслуги и признанија за опстанокот на своите автентични Евреите. Но, еврејскиот народ и целото човештвото ќе се сеќаваат засекогаш на криминалната улога на цар Борис, пријателот и сојузникот на Хитлер, и на неговата фашистичка влада.

Во Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот, за оправдувањето дека Евреите во Македонија не биле бугарски граѓани па затоа со право биле депортирани, авторот пишува:

За некои не е изненадувачки, дека поради склоп на околности, бугарските власти ги лишија Евреите од Тракија и Македонија од бугарските државјанства. Факт е дека на бугарската влада, врз основа на сопствена извршна наредба бр. 31 од 5. јуни, 1942 година, противуставно ги лиши од бугарско државјанство, токму со цел за да се овозможи нивно предавање на странска сила.

За оправдувањето дека за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер, авторот вели:

Оправдувањето тоа беше активност целосно на Хитлер не треба дури ни да биде разгледувано - целиот процес на депортацијата, во сите негови фази - почнувајќи со законодавната, минувајќи низ десетина неуставни владини извршни наредби и завршувајќи со најситниот детал од одвратното практично извршување - беше спроведена од страна на бугарските власти - од полицијата, државните органи на KEV, армијата, локалната администрација. Иако е јасно дека Владата го извршила тоа како резултат на сопствен избор на политики и на Алијансата со хитлерова Германија, сепак е смешно да се тврди дека сите активности се дело на Хитлер - по целиот трагичен пат, од еврејските домови преку трансферот по кампови, до нивното предавање на германските SS на граничните премини на Лом и Лапово, германски униформи можеа да се видат само во многу малку прилики...

За отфрлањето на ова тврдење, дека Бугарите немале вина, а за депортацијата на Евреите од Македонија виновен е Хитлер ќе се послужиме со текст од Nissim Yosha во кој пишува:

Во телеграмата n. 442 од 4. април, 1943 година на Јоаким фон Рибентроп до неговиот министер во Софија - Бекерле, пишува дека Борис на 1. април во Берхтесгартен, му рекол дека ја одобрил депортација на Евреите на анексираните територии. Според тоа, Борис не е подобар од ниеден друг сојузник на Хитлер... Кои помогнаа да се сотрат несаканите странски Евреи спасувајќи само неколкумина или многумина од своите Евреи. (Види слики)

Доколку Борис сакал да ги спаси Евреите немало да потпише. Доколку Хитлер и неговата нацистичка Германија де факто ја имале контролата на теренот во Македонија и Тракија зошто би барале дозвола од бугарскиот цар?

Понатаму во книгата Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот пишува и за курсот кон кој Бугарија денес треба да се движи по ова прашање и за негативните последици од негирањето на вината за депортацијата на Евреите:

Кога некои бугарски дипломати во соседните и во подалечните престолнини денес ја негираат одговорноста на тогашните бугарските власти за трагедијата на Евреите од новите земји со аргументи како што се тие не биле бугарски граѓани, тие немале бугарски пасоши и слично, тие си прават себе си краткорочна лична корист, но и прват голема штета на Бугарија. Бидејќи повеќето од нив всушност настојуваат да го задоволат синот на цар Борис III, а сегашен премиер на Бугарија (се разбира, неколку од нив искрено веруваат дека така се брани Бугарија). Всушност, тие не ја бранат Бугарија, туку про-нацистичкта бугарска влада од 1941-1943 која ги осуди Евреите од Тракија и Македонија. Тие... Оваа политика е штетна за Бугарија, а жетвата од овој горчлив плод допрва треба да се собира во странство.

Сите Бугари кои го напаѓаа филмот Трето полувреме уште пред да го видат, обвинуваа за историски фалсификат и искривување на историјата и негираа поврзаност на тогашната бугарска влада со депортацијата на Евреите од Македонија, нека се подзамислат малку над напишаното погоре. Не затоа што јас го велам тоа, туку затоа што тоа е напишанo од бугарски дипломат од кариера (1984-2003) кој нема интерес да работи во штета на својата земја, баш напротив.

За крај за сите оние кои и понатаму ќе продолжат да веруваат и ќе продолжат да пропагираат дека тогашната бугарска власт нема поврзност со депортацијата на Евреите од Македонија, еден цитат од Nissim Yosha:

Затоа сите ние кои ја сакаме вистината мора да ја отфрлиме секоја бугарска претенциозна аспирација да биде наградена за она што не го заслужува, особено не за да му се оддаде почит на воен злосторник и на неговата влада која ладнокрвно екстрадирала Евреи на нивниот нацистички сојузник. Таков чин не само што ќе го навреди сеќавањето на запоставените жртви од Тракија и Македонија, но со право ќе биде сметан за негирање на холокаустот. Преживеаните и роднините на жртвите нема да толерираат било каква подршка за воениот злосторник Борис и на неговата земја за нивните воени злосторства.

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles