Во последните седмици од нашиот источен сосед се изнаслушавме безброј обвинувања за искривување на историските вистини и фалсификат од страна на македонскиот игран филм „Трето полувреме“ под наводна директна наредба од македонската Влада.
Во врска со ова тројца бугарски европратеници упатија протестно писмо до еврокомесарот Филе, во кое меѓу другото пишува:
„Очигледно повторно стануваме сведоци на еден од многуте случаи на градење на македонскиот идентитет врз историски фалсификати... очекуваме да го поставите прашањето на користењето на јазикот на омраза кон Бугарија во официјалните контакти со македонските институции...“
Апсурдно, само по себе, е тоа што дел од Бугарите реагираат така жестоко на филм кој не само што го немаат видено, туку и сè уште нема светска премиера.
Со повеќе извадоци од книги ќе се обидеме да го покажеме и да го докажеме она што по повод филмот „Трето полувреме“ дел од Бугарите денес го негираат, имено дека депортирањето на Евреите од Македонија, од страна на бугарските власти, не е измислица и став кој што го зазема само и само овој филм, туку дека е факт и општо прифатена историска вистина.
Во книгата „Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот", од авторот Владимир Мутафов - бугарски дипломат од кариера (!), јуни 2003, се објаснети случувањата од тоа време и односот на денешна официјална Бугарија по тоа прашање.
За вината за депортирањето на македонските Евреи, авторот вели:
„Вината за депортацијата на Евреите од Вардарска Македонија и од Егејска Тракија мора да биде идентификувана, препознаена и признаена. Не е можно да не постои ниеден одговорен и никој да не се обвини.“
За директен виновник јасно ќе ја посочи бугарската влада од тоа време предводена од царот Борис III:
„Виновникот за депортација на Евреите од Беломорска Тракија и Вардарска Македонија е бугарската влада, дејствувајќи во согласност со Третиот рајх...
Смртта на Евреите од Вардарска Македонија и Беломорска Тракија е токму причината зошто цар Борис III не треба да се спомене во редовите на спасувачите на бугарското еврејство.
Не можете да бидете и спасител во еден дел од Бугарија, и активен соучесник во убиствата во друг дел (меѓу другите се мисли и на Македонија која во тоа време е под бугарска окупација). Евреите од Бугарија беа спасени и покрај Борис, а не поради Борис. Каков спасител треба да бидете за да обeзбедите завршување на сите подготовки, со возови кои чекаат на железничките станици, и на сплавови наредени на речните пристаништа?“
За улогата на Бугарија на чело со цар Борис III при депортирањето на македонските Евреи, пишува и д-р Нисим Јоша, од Асоцијацијата на Евреите од Македонија во Израел:
„Активната улога на Бугарија во холокаустот против тракиските и македонските Евреи.
Бугарија предводена од цар Борис беше активно вклучена во холокаустот со депортирањето на Евреите за истребување... Затоа пофалбите за Бугарија и Борис без да се спомена експлицитно неговата кривична одговорност во депортацијата на Евреите за истребување, ќе биде сметано за кривично дело поради негирањето на холокаустот.
...Бугарската влада во јуни 1943 година, со посебно законодавство ги лиши од државјанство тракиските и македонските Евреи, со што ги остави целосно беспомошни. Овој чин според многу историчари го потврдува воениот криминал на Борис.
На 22. фебруари 1943 година, официјално беше потпишан договор меѓу двата сојузника според кој, 20.000 Евреи во првата фаза требаше да бидат депортирани во Полска - 12.000 од Тракија и Македонија (Македонија во тоа време е окупирана од Бугарија) и 8.000 од „стара Бугарија“. Благодарение на интервенцијата на неколку бугарски личности, пратениците и свештенството, кои вршеле притисок врз кралот и неговата влада, депортацијата на овие 8.000 Евреи беше одложена, а подоцна не беше извршена благодарение на воените настани на источниот фронт. Сепак, бугарските Евреи се дискриминирани, прогонувани, насилно принудени да работат и т. н. до крајот на војната.
Но, за жал во март 1943 година, Бугарија сурово организира и изврши депортација на 11.343 Евреи од Тракија и Македонија во Треблинка, каде што сите беа веднаш задушени во гасните комори.“
Понатаму во книгата „Бугарија и улогата на кралот Борис III за време на холокаустот“ пишува:
„Одбивањето на одговорноста на бугарската држава како соучесник во смртта на Евреите од новите земји е неверојатно штетна за современа Бугарија. Од проста причина што кога вината не се идентификува, таа може неправилно да му се припишува на секој и секого во Бугарија.
Не е точно дека само Германците беа виновни за несреќата на оние 11.343 души од новите бугарски земји. Бугарската влада и бугарската држава, на чело со Борис, се активни соучесници. Не е точно дека бугарските власти не беа ништо друго освен пасивни набљудувачи. Ниту пак е точно дека тие само спроведувале нечија туѓа шема. Тие беа иницијатори, администраторите и спроведувачи.“
За тврдењето дека не Бугарите, а Германците ги депортирале Евреите, авторот понатаму вели:
„Бугарската полиција ги довезе несреќните (Евреите) од своите домови и ги натовари на бугарските возови (озлогласените извици „удри ги, не ги поштедувај од палките“ се добро документирани...)
Бугарите ги предадоа жртвите на SS на граничните премини и пристаништата, Бугарите имаа подготвени листи на имиња, Бугарите го потпишаа договорот со Германија, бугарските власти го ставија на располагање железничкиот персонал и персоналот на Комесаријатот за еврејските прашања (keV) на воени сили, бугарската влада одобри бесплатен транспорт преку бугарската државна железница (БДЖ), бугарската влада се ценкала дали да се плати на германската влада 200 лева или 150 лева за секој еврејски жител (NB - Бугарите плаќале на Германците, според тоа германската влада ѝ прави услуга на бугарската влада со преземањето на Евреите, а не Бугарите и прават услуга на Германците со предавањето на Евреите ...).“
За исплатата од страна на Бугарите на Германците за тоа што ќе ги преземат македонските и тракијските Евреи за да ги истребат, пишува и д-р Нисим Јоша:
„Згора на тоа, Бугарското Министерство за финансии го конфискува целиот нивен имот и плати на Германците значителна сума на пари за тоа што ја ослободиле Бугарија од овие Евреи.“
Или со други зборови, бугарската држава плаќа на Германија за Евреите кои Бугарите ги депортирале до границата да бидат уништени во германските нацистички концентрациони логори.
Продолжува...






-Dear Sir or Madam, It is truly shameful, as much as it is illegal, for the UN to remove the name "Macedonian" from the designation of language spoken in Macedonia (and by Macedoniаns). For two decades already, the UN is assisting Greek interests in breaking the basic International Laws, the basic Human Rights resolutions and commit unjustice towards Macedonia. The principles of sovereign equality of states and the inviolability of their juridical personality, lead to the conclusion..
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.