Вторник, 21 2013

MacedonianEnglish
Локација: News Media and Internet Лазар Мојсов - да не се заборави

Лазар Мојсов - да не се заборави

E-mail Print PDF
No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Вчера, во Белград, во својата 91. година од животот, почина Лазар Мојсов, еден од последните претставници на политичари и дипломати кои владееја четириесетина години во Југославија, буквално од нејзиното создавање па сè до нејзиното дефинитивнио распаѓање при почетокот на ’90-ите години од минатиот век.

Како надополнување на сочувството од Д-р Срѓан Керим во „Дневник“, повикуваме да не се навредува и нашето достоинство преку емотивно манипулирање со цел одредени личности да бидат прикажани во половично светло.

Лазар Мојсов ќе остане запаметен и по тоа што тој е еден од многуте ретки сојузни политичари, а можеби и единствениот од бившата ни држава Југославија кој до последниот негов здив остана верен и лојален граѓанин на Белград. Многумина негови колеги дипломати, како на пример хрватскиот политичар и дипломат Будимир Лончар (87), иако помлад само четири години од сега починатиот Лазар Мојсов и со „штанцана“ политичка биографија исто како неговата, со својата богата дипломатска кариера зад него и од стекнатото наследство на пријатели од неговата фела ширум светот беше еден од најактивните во Туѓмановата гарнитура при создавањето и признавањето на независна држава Хрватска, за да во периодот од 2005 па 2009 години иако веќе имал над осумдесет години ја извршуваше функцијата Советниик на Претседателот на Хрватска за меѓународни односи.

За сите овие дваесет поминати години на независна Македонија, Лазар Мојсов не најде за сходно барем еднаш да дојде и да ја посети официјално својата независна земја Македонија каде е роден во нашето прекрасно Неготино.

Дел од заслугите на Лазар Мојсов како член на судскиот состав заедно со Панта Марина и Коле Чашуле е пресудата за првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто, кој беше осуден на 11 години затвор со присилна работа и губење на граѓанските права, освен родителските, затоа што сакал да ја отцепи Македонија од Ф.Н.Р. Југославија и да ја „присоедини кон Егејска Македонија, во федерација со Грција“.


Погребан е во алејата на заслужните граѓани на новите гробишта во Белград (РТС).

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles