Во својата реакција на нашата статија „Британски документ за НАПАЛМ бомбардирањето на Грамос“, г-динот Донски си зеде слобода да нè етикетира како.: „манипуланти, удбашка пропаганда и агентура и анти западни провокатори.“
Во продолжение коментарот на г-динот Донски под наведената статија:
„Манипулацијата со податоците во овој текст е повеќе од очигледна. Во цел свет се знае дека кратенката за британската авијација се вика RAF, а не RHAF!
Значи или тој што го постирал овој текст лаже или во изданието на ИНИ е направена катастрофален пропуст кога името на RHAF е објаснето со Британските воздушни сили. Да потсетиме, бомбардирањето со напалм бомби врз македонските партизани не го зивршила британската, туку ГРЧКАТА воена авијација и за тоа постојат грчки воени документи. Впрочем, тоа го пишува и во овој текст кога јасно пи[шува дека бомбардирањето го извршиле RHAF (Royal HELLENIC Air Force), а не RAF. Не ми е јасно зошто некои анти-западни провокатори и натаму сакаат да и накалемат на пријателска Велика Британија нешто што не го е направила. Очигледно удбашката пропаганда и агентура се уште има влијание во РМ.“
Од една страна, нè радува што г-динот Донски нè следи, но, од друга страна, нè зачудува жестината на овој коментар.
Ова не е првпат г-динот Донски ревносно да реагира во одбрана на Кралицата.
Ја имавме можноста да го читаме и во „дуелот“ со г-динот Тодор Петров на сајтот „Македонска Нација“.
Како и да е, ние ќе се воздржиме од оценување на г-динот Донски, бидејќи ги цениме само аргументите, во целина.
Во делото „Употребата на Воздухопловните Сили во Грчката Герилска Војна, 1947-49“ од потполковниците М. А. Кембел, Е. В. Даунс и Л. В. Скуета, од Авијацискиот Универзитет на Максвел Воздухопловната База во Алабама, публикувано во декември 1964. година, претставуваше серија од истражувања за употребата на воздухопловните сили против герилата во Грција, Кореа, Малаја и во Втората Светска Војна.
Студијата стана достапна бргу откако беше напишана, во 1965. г., а Соединетите Држави веќе ја започнаа големата офанзива со масивни неограничени бомбардирања на Јужен Виетнам.
Во студијата се наоѓа една непосредна белешка која вели вака: „Првиот успешен тест на резервоар со напалм на Спитфаер се случи средината на септември 1948. Некои пилоти од Р. Х. А. Ф. (Кралски Хеленски Воздушни Сили - моја бел.) се спротивставија на носењето вакво тешко вооружување и во почетокот многу Грци се спротивставија на неговата употреба.“ (Кембел, стр. 50). - види слики.
Никого не би требало да го изненади тоа што некој би се двоумел дали да ги спали своите сонародници и жени.
Употребата, производството и фрлањето на напалм бомбите беше американска, а не грчка идеја.
Ова е само дополнителен доказ дека американската интервенција охрабрувала, а не ограничувала, убиствена бруталност.
Американските Воздухопловни документи бележат, после сослушувањето на заробениците, дека напалмот „се докажал како особено ефективен и застрашувачки“ (Кембел, стр. 52).
Извор: "From Grammos to Tet: American Intervention in Greece and Beyond" од Elias Vlanton. Стр. 76. и 77.
Ескадрилите 335 и 336 од Р. А. Ф. (Кралски Воздушни Сили – В. Британија) биле составени од екипаж со грчко потекло, кои учествувале како составен дел на британското воено воздухопловство во близина на либијскиот брег и Италија, за време на Втората Светска војна.
Подоцна главнината на овие две ескадрили била пренесена во Грција и од нив практично постанале првите оперативни воздухопловни единици на Кралските Грчки Воздухопловни сили.
Британија целосно ги опремила и обучила овие единици, инвестирајќи преку 3.000.000 фунти во Р. Х. А. Ф. (Кралски Хеленски Воздушни Сили) пред да започне сојузничката мисија со САД во почетокот на 1947. година.
Иако Р. Х. А. Ф. после една година од ослободувањето на Грција, веќе не била под командата на Р. А . Ф., тие сепак биле зависни од Британија.
Така за време на Грчката Граѓанска војна, Р. А . Ф. морал да им обезбеди авиони и средства на „очајните“ Грци - „Спитфаери од Британија ги напаѓале Комунистите во нивните планински скривалишта“ - напишал воздухопловниот магазин „Flight“ од 30. мај, 1952 г., на 673. страна (види слики), по повод свеченото повлекување на Кралската Воздухопловна Мисија од Грција, врачувајќи им ја на Грците целата опрема и авијација во вредност од 6.500.000 фунти.
Со пристигнувањето на сојузничките Американски воздухопловни сили во Грција во 1947. година, Кралската Воздухопловна Мисија била редефинирана. Двете мисии биле управувани директно од нивните влади, секцијата на С. А. Д. била задолжена за снабдување и операции, додека Р. А. Ф. била задолжена за обуката, организацијата и одржувањето.






-Dear Sir or Madam, It is truly shameful, as much as it is illegal, for the UN to remove the name "Macedonian" from the designation of language spoken in Macedonia (and by Macedoniаns). For two decades already, the UN is assisting Greek interests in breaking the basic International Laws, the basic Human Rights resolutions and commit unjustice towards Macedonia. The principles of sovereign equality of states and the inviolability of their juridical personality, lead to the conclusion..
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.