Сабота, 18 2013

MacedonianEnglish
Локација: News Comments and debates Здрав национализам - 1. дел

Здрав национализам - 1. дел

E-mail Print PDF
No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Национализмот произлегува од основната емоционална приврзаност кон земјата и културата и од длабочината на антиката, македонскиот народ се држел до потребата за конституирање и организирање во сопствена политичка заедница, преку нивниот општествен живот.

Прифаќањето на оваа потреба е основниот услов за појава на македонскиот конституционализам денес.

Појавата на античката македонска држава е претходник на оваа потреба и го поставува моделот на една централизирана држава, која е од највисоко значење за македонскиот конституционализам.
Важна, не само за утврдување на старата легитимност на државата и државноста на македонскиот народ, но исто така и за откривање на значењето на неговото постоење.

„Македонија беше првата голема територијална држава со ефективна централизирана политичка, воена и административна структура што настанала на Европскиот континент.“
-
Питер Грин (историчар и професор по класика на Универзитетот во Тексас

Според мое мислење, ние (некои од нас) западнале длабоко во националистичката замка поставена од страна на грчката пропаганда, која што тврди дека не можеме да го присвојуваме името Македонија, доколку не сме директни потомци на античките Македонци.

Како резултат на тоа, се доведовме во ситуација во која можеме да се изгубиме, пренагласувајќи ја големината на оваа историска пропорција, како своевиден услов кој мора да се исполни со цел да се обезбеди оправдување за името кое го носиме.


Непријателството беше реципрочно, Македонците кои се израснаа во горд надмоќен народ, кој со високо развиена национална свест гледаше на Хелените со презир. Овој факт, исто така, е од примарна важност за разбирањето на подоцнежната историјата."
- Улрих Вилкен (германски историчар, член на Пруската Академија на Науки)

Тврдењето за домородноста може да се докаже едноставно како континуитет на одредени локални карактеристики, а не врз основа на фактори како „чисти гени“.
Тоа навистина не ни е потребно, ниту пак некој смее да го доведува во прашање нашето право за самоидентификација, кое сме го заслужиле, како и секој друг народ (етничка група) и покрај позитивната историска љубопитност за нашата историја ние навистина не треба да се оптоваруваме самите себе како да им докажеме на другите или нас самите колку „антички“ навистина сме.

За жал, ова стана главен дел од спорот, наместо другите повеќе релевантни работи и прашања, кои остануваат нерешени во корист на грчката политика.

Мислам дека никаков разумен повик не може да ги излади на вжештените глави, но тие би требало малку да се преиспитаат, во смисла на нивната цел за да се докажат себеси како Македонци.


Не може да има сомневање дека со нивната неуморна енергија и смелост ја кренаа Македонија од статус на ништожно кралство во една од најголемите и најславните монархии во светот. И покрај тоа што беше сторено за време на живот на Филип, успесите кои беа постигнати од Александар по смртта на неговиот татко ја освои за нив репутацијата за јунаштвото кое е универзално признато од потомците.

Полибиј(старо-хеленски историчар): Подемот на Римското Царство, во издание на Пингвин класици, Книга VIII.9 Страна 371

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles