Според поранешниот американски амбасадор Рикер постојат силни индиции дека Бугарија и Грција се во обостран договор да го попречуваат членството на Македонија во НАТО.
ПРЕДМЕТ: МАКЕДОНИЈА: Поуки добиени од Советодавниот тим на НАТО СНАФУ
1 (ц) Резиме: Назначувањето на Бугарите на двете позиции командант и заменик на Советодавниот тим на НАТО за Македонија не е во интересите на САД. Крај на резиме.
2 (ц) Дознавме од доверливи извори дека во почетокот на јуни Бугарија беше единствениот сојузник кој доброволно се пријави да ја пополни позицијата „Началник на НАТ“ во Скопје, односно позицијата Заменик на Советодавниот тим на НАТО за Македонија. Како што разбравме, планот бил поранешниот холандски DATT да дојде на позицијата Началник на НАТ, но се чини дека холандската влада не реагираше доволно брзо за го издејствува тоа. Тогаш ние работевме заедно со Неапол, USNATO, SHAPE (Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа) и Холанѓаните да го смениме ова, но по се изгледа дека холандскиот DATT речиси сигурно нема да биде назначен и преостанува дека следниот Началник на НАТ ќе биде бугарски. Бугаринот, Комодоре Валентин Гагашев, кој веќе ја држи позицијата на НАТО командант.3 (ц) Негативните последици за ангажманот на НАТО во Македонија може да бидат значителни. Бугарија и Македонија се во најдобар случај претпазливи соседи. Дел од поголемиот македонски регион стана дел од Бугарија како последица на Балканските војни, и бугарските фашисти ја окупираа територијата на денешна Македонија во текот на Втората светска војна. До ден денес, постојат елементи во Бугарија кои ја сметаат современата држава Македонија за историска грешка, и многу Бугари не го признаваат македонскиот јазик како посебен од нивниот. Додека голем број на Македонци работат во Бугарија, и имаат бугарски пасоши како резултат на користа, ние не треба ова погрешно да го третираме како нивна длабока наклонетост. Имаме непотврдени извештаи дека елементи во бугарската амбасада овде блиско работат со грчките колеги на активности кои не се во нашите интереси.
4 (ц) Без оглед на намерите на новиот НАТ Началник ова нема никаква смисла, од гледна точка на НАТО дека командантот и началникот ќе бидат од иста земја, посебно од сосед, а посебно од земја, која е нова во Алијансата.
Македонија, како и нашите интереси тука, ќе бидат далеку подобро служени - како и во минатото - од страна на раководството на НАТ со длабоко НАТО искуство од докажани Сојузници без „негативен багаж“ овде (како што е Грција). Македонија има потреба од советници во НАТ кои имаат воспоставено односи во рамките на НАТО и знаат како да се справат со уникатната бирократијата во SHAPE. Ова е причината зошто холандскиот DATT е идеален избор. Кога Началник Генералот Стојановски дозна дека новиот НАТ Началник ќе биде од Бугарија, тој беше бесен и се јави во SHAPE веднаш. Неговиот одговор можеше да се предвидви: многу Македонци не и веруваат на Бугарија. Такашто, назначувањето на Бугарите да раководат со НАТ ја става под прашање обврската на НАТО кон Македонија, особено што бројни македонски воени контакти ни рекоа дека гледаат на доделувањето на холандскиот DATT како сигнал за посветеноста на НАТО повторно да го испрати својот „А- тим“ овде.
5 (ц) Новиот НАТ командант, Комодоре Гагашев, е од според сите критериуми професионалец и работи во добра волја. Колку што ние разбираме тој приватно верува дека ќе биде грешка доколку и неговиот заменик исто така биде Бугарин, тој не може да го форсира ова прашање во рамките на неговата национална командна структура. Иако е веројатно премногу доцна за холандскиот DATT да биде назначен на оваа позиција, ние бараме од Вашингтон, USNATO и Амбасадата на Софија да работат на ова прашање за да се обезбеди подобар исход за интересите на САД и НАТО во Македонија.
Извор: Викиликс






-Dear Sir or Madam, It is truly shameful, as much as it is illegal, for the UN to remove the name "Macedonian" from the designation of language spoken in Macedonia (and by Macedoniаns). For two decades already, the UN is assisting Greek interests in breaking the basic International Laws, the basic Human Rights resolutions and commit unjustice towards Macedonia. The principles of sovereign equality of states and the inviolability of their juridical personality, lead to the conclusion..
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.