Во октомври, 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство, била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.
Овој предлог, во кој Македонија била замислена како самостојна држава, на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков.
Грчки предлог
Во предлогот, на Гркот Каподистрија, било предвидено создавање на пет балкански држави, доколку се случи пропаѓање на турската империја.
Овие држави биле дадени со своите имиња и граници.
Тоа биле:
1. Дакија (која требала да ги опфати кнежествата на Молдавија и на Влахија, т.е. приближно, териториите на денешна Романија и Молдавија);
2. Србија (која требало да ја опфати територијата на тогашната српска држава, со присоединување кон неа на дел од денешните територии на Бугарија и на Босна);
3. Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);
4. Епир (кој требало да ги опфати териториите на горна и долна Албанија);
5. Грција (наречена како "Област на Елините", која требало да ја опфати територијата од реката Пена во Тесалија, сè до градот Арта, заедно со целиот архипелаг).
Од овој грчки предлог, јасно се гледа дека тогашните национално свесни Грци, како најсеверна грчка област ја сметале Тесалија.
Освен тоа, Епир воопшто не бил сметан за грчка област, додека Бугарија никој ниту ја спомнувал.
Во тоа време, Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.
Подоцна, тој станал претседател на новооснованото грчко Народно собрание, а потоа бил избран за прв Претседател на самостојната грчка држава.
Руски предлог
На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог. Овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил на Балканот да се создадат следниве држави:
1. Грција (со архипелагот, Самос и Крит);
2. Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);
3. Србија (заедно со Босна, а државата побарал да биде протекторат на Големите сили); и
4. Териториите на Молдавија, Влахија и на Бугарија (како една држава), која требало да биде протекторат на Русија.
1. При склучувањето на Берлинскиот договор, во 1878 година, Русија се обидува да ја придобие Австро - Унгарија на своја страна за автономија на Македонија и на Албанија. Австрија не прифатила.
2. На Берлинскиот конгрес е донесено решение во Македонија да се спроведат реформи од страна на Турција. Решението се содржи во членот 23 од Берлинскиот договор, за чиешто спроведување одговорност презеле и Големите сили. Доколку биле спроведени предложените мерки, постепено би се дошло до автономија.
3. По востанието од 1902 година во Источна Македонија, познато како Горно - Џумајско востание, Големите сили и препорачуваат на Турција да изврши некои реформи. Но, во практиката се добило само правото Христијаните да имаат само вооружени Полјаци од христијанска вероисповед. Некои од Големите сили и тогаш размислувале за автономни реформи, но како резултат се добило само горе спомнатото.
4. По Илинденското востание од 1903 година, во Мирцштег се одржала средба меѓу рускиот цар и австроунгарскиот кајзер Франц Јосиф. На оваа средба, биле договорени главните точки за реформи што и биле предложени на Турција, кои таа ги прифатила на 25 ноември истата година. Меѓутоа, Македонија одново не добила ништо. Биле испратени само инструктори од Големите сили во разните вилаети (области) на Европска Турција за да извршат одредени реформи во турската џандармерија. Надежта за автомомија се одложила.
6. Италија преку својот државник Титони во 1907 година изразила став во полза на автономна Македонија. Титони во парламентот изјавил: "Македонското прашање треба да се разреши преку автономна управа базирана врз националностите".
7. Во 1908 година, во Ревал, се сретнале британскиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнале договор што требало да доведе до автономија. Британскиот министер за надворешни работи, Едвард Греј изјавил во домот на општините дека Велика Британија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.
8. Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, во октомври 1912 година испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето, дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили. И во други случаи, додека траела војната против Турција, руски официјални органи размислувале за идејата за автономија. За жал, во тоа време балканските сојузници веќе се беа откажале од оваа идеја.
9. На Париската мировна конференција во 1919 година, меѓу Големите сили е разгледувано прашањето за издвојување на оној дел од Македонија што се наоѓа под југословенска власт, како автономна област во границите на Југославија. Италијанската делегација поднесува свој проект; а Британците, пак, поднесуваат друг проект, кон којшто се придружуваат американската и јапонската делегација. Предлозите пропаѓаат заради спротивставувањето, пред сè, на француските претставници, коишто ја подржале српската непомирливост.
Во Мировната програма на Вудро Вилсон објавена 1918 г., промовирана е Стратегијата на САД во меѓународните односи, заснована на Американската демократска традиција за човековите права, правото на народите на самоопределување и свои национални држави, рамноправност на народите и др.
- Претседателот Вудро Вилсон во текот на 1918 и 1919 г., за време Париската мировна конференција, активно ја застапува идејата за обединета, автономна Македонија, под првичен протекторат на САД.
Активностите на САД за правилно решавање на македонкото прашање пред Париската мировна конференција во 1919 г.
- Кон средината на 1918 г., Вашингтон, согледувајќи го македонското прашање како клучно за разрешување на Балканскиот проблем, во Македонија испраќа специјална мисија.
- Во Мисијата се мајорот Линдеј Бринер, воен аташе на САД при Главниот Француско - Американски воен комесаријат, и Луј Крентон – Сенатор на државата Мичиген. Со ова САД сакаат од „лице место” да се согледа – Македонското прашање низ објективен третман и со непристрасно испитување.
САД САКА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА СОСТОЈБИТЕ ПРЕД ПОДЕЛБАТА ОД 1913 год.
- Вашингтон става до знаење дека Букурешкиот договор и решенијата од таму, особено оние за Македонија, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМАТ КАКО ОСНОВА за разрешување на македонското прашање.
- Вашингтон нагласува дека тој Договорот е –“ДЕЛО НА КОРУМПИРАНИТЕ БАЛКАНСКИ БУРЖОАЗИИ”.
- Вашингтон декларира став дека, Македонија треба да се конституира како одделна политичка единица , како – ПОСЕБНА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
- 03. 12. 1918 г., САД и Англија се состануват за да изградат заеднички ставови во рамки на глобалното решавање на Балканот. САД се јасни и конкретни:
- САД да добијат мандат за трите стратегиски точки на Полуостровот – Цариград, морските премини со Тракија и Македонија.
Американскиот амбасадор во Лондон Дејвид Хантер Милер, известил дека со предлогот на Вашингтон се предвидувало и:
“Македонија да се стави под мандат на САД“ и во тие рамки, како мандатор, САД да ја превземат на себе “грижата за Македонија“.
Користени материјали:
- Македонско Сонце 531 / 3.9.2004
- Блаже Ристовски: "Историја на македонската нација", МАНУ, Скопје, 1999 год., стр. 10.
- А.Тошев: Балканските войни, прв и втор дел.
- Велика Британија и македонското прашање на Париската мировна конференција во 1919 година, од документацијата Христо Андонов-Пољански, Архив на Македонија, 1973.



-Dear Sir or Madam, It is truly shameful, as much as it is illegal, for the UN to remove the name "Macedonian" from the designation of language spoken in Macedonia (and by Macedoniаns). For two decades already, the UN is assisting Greek interests in breaking the basic International Laws, the basic Human Rights resolutions and commit unjustice towards Macedonia. The principles of sovereign equality of states and the inviolability of their juridical personality, lead to the conclusion..
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.