Сабота, 18 2013

MacedonianEnglish
Локација: History and Ideology Macedonian History Втор дел: Археолошка реконструкција на етногенезата на Словените

Втор дел: Археолошка реконструкција на етногенезата на Словените

No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Продолжуваме со прегледот на ставовите на навлијателните светски институти во врска со теоријата за миграцијата на Словените.


„Од друга страна, досега немаме регистрирано археолошки, материјални траги од присуството на Словените во Македонија во 7, 8 и поголемиот дел од деветтиот век.

Одговорот на тоа прашање лежи во непознавањето на материјалната култура.
На подрачјето на Република Македонија нема писмени докази за престојот на Словени во тоа време, а нема ниту археолошки наоди покрај тоа што во изминатите близу пет децении со интензивни истражувања на теренот се евидентирани 3600 архелошки локалитети од различни епохи.
И покрај тоа, ранословенски наоди нема. „

- Средновековни градови во Македонија - Др. Иван Микулќиќ

„Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачjето на денешна Република Македониjа, нема писмени докази за престоjот на Словени во тоа време.
Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покраj тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи.“

- I том на Археолошката карта на Република Македониjа во издание на МАНУ, Скопjе, во 1994 г.

Познатиот српскиот антрополог академик, проф. д-р Србољуб Живадинович директор на Европскиот Институт за проучување на древните Словени во Лондон врз основа на ДНК(Ц4) анализа, направена во Британскиот музеј во Лондон, дошол до релевантни научни сознанија според кои:

„...Жителите на широкото Подунавје, вклучувајќи го и целото Балканско Полуострово, се автохтони на оваа територија и тука не се случило никакво доселување од други краишта, т.е. големи преселби и населување на Словени. Такви доселувања тука немало, барем не во онаа смисла како што не учи германско-нордиската школа.
Антрополошките истражувања на бројни некрополи во подрачјето на Рас, Војводина, долж брегот на Дунав, во Требениште (кај Охрид, Македонија), во Трњак, Панонија и пошироко, тој факт е со сигурност докажан.
Населението на сите тие простори има Кромањонска (бела) раса од која настанале Пелазгите и Динарците... Населението на сите тие простори повеќе од 10.000 години не се променило во својот основен генетски материјал...“

- Д-р Србољуб Живадиновиќ, „Овде сме барем десет илјади години“, во “НИН“, бр. 2864, Белград, од 16.11.2005 год.

„Од гео-лингвистичка гледна точка, само едно објаснување е можно за оваа необична и транспарентена ареална конфигурација: Јужно-Словените мора да формирале постаро јадро, додека двете северни „гранки“ мора да имале подоцнежен развој, секоја сведочи за соодветна историја и идентитет. Друго објаснување не е можно, освен ако некој го предизвикува многу разумното “d’etre of IE и Прото-Словенската реконструкција, покрај здравиот разум.

Непотребно е да се каже, ова едноставна забелешка урива целата конструкција на Словенската татковина во Средно-Источна Европа и на словенските миграции во традиционална услови, како и сите нејзини варијанти. Но, ајде да ги провериме другите два погледа, пред да продолжиме да развиваме понатамошна дебата во рамките на РСТ.

Единствениот доказ за големата преселба на Словените во историски времиња, кои традиционалните
научници се повикуваат лежи во буквално читање на споменувањата на средновековните историчари, како што се тракискиот Прискус од Панонија (5-ти век), грчкиот Прокопиј од Цесарија (6-ти век) и готот Јорданес (6-ти век), или оние на Црквата (на пр. Конте 1990, 33 -34).
Но, тоа е сосема очигледно дека таквите споменувања неможат да се релевантни, за недвосмислена "инвазија" или "миграција" на Словените, но може многу едноставно да се земе како да се однесува на веќе постоечките Словени, чие присуството и денешните традиционални научници го признаваат.
Кога, на пример, Јован од Ефесос, владика од Константинопол под Јустинијанска јурисдикција (527-65) ги споменува безбројните напади во Византиски територии од "проколнатиот народ на Словените ", тој ги проколнува бидејќи тие се сеуште пагани, а не затоа што сега "пристигнале"!
И кога во својата
“De rebus Gethicis Jordanes ја опишува локацијата на Венетите, пишува дека тие го населија просторот "од изворот на реката Висла на неизмерливи пространства", тој не дава ни најмала индикација за неодамнешното нивно пристигнување, туку едноставно опишува статус кво. Јас ги предизвикувам словенските специјалисти да најдат било каква индикација на неодамнешната доаѓањето на Словени во својата област од други средновековни извори.

Едноставната вистина е дека Словените биле таму од далечните времиња - одсекогаш. Бидејќи, сепак, првото спомнување на народите во писмена форма, зависи од датумот на пишуваното, а не од датумот на постоење на народите!

Накратко, ако таква огромна експанзија на Словените и на југ и на север од нивната наводна родна земја во Блискиот-Источна Европа навистина се случила, најважниот доказ што би требало да очекуваме да го најдеме ќе биде археолошки. Таков доказ воопшто нема.

Друг фундаментален приговор на оваа теза лежи во фактот дека, следејќи го традиционалното сценарио, би требало да претпоставиме дека во оваа "голема миграција", исто така, се вклучени и јужнословенските територии: апсолутна невозможност, како што видовме. Ако постои "Миграција", таа би продолжила од југ кон север.

Трет, фундаментален приговор на оваа теза е контрадикцијата меѓу идејата за средновековна миграција и целосното исчезнување на предходно постоечките јазици. Дури ни модерната масовна миграција и колонизација, покрај големите технолошки и културни разлики меѓу доселениците и староседелците, не предизвика целосно изумирање на автохоните јазици во Новиот свет.

Како можеме да прифатиме таква идеја за раниот среден век, и за високо цивилизираните подрачја на Јужна Источна Европа праисториската Европа? Што и каде би бил пред Индо-Европскиот супстрат во Бугарија, Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Словенија?
Освен ако не ја поврзуваме оваа миграција со гигантски геноцид – научна-фантастика хипотеза - оваа хипотеза не припаѓа на сериозно научно размислување.

Какви предисториски или историски околности би ги донеле Словените прво до нивната демографска експлозија, а потоа до нивната голема миграција, од кои причини станале доминантно население во Источна Европа, од север до југ и најбројната група во Европа?

„Ниту археологијата, ниту пак историјата не ни дава најмал доказ за таквите настани кои, како што веќе забележавте, би предизвикале ништо помалку од скоро целосно исчезнување на претходното население и на нивните јазици.“

- Марио Алинеи од Универзитот на Утрехт, Холандија.


Според Анатолиј Казанов од Институтот за етнографија, поранешен член на Академијата на науките на СССР, сегашен професор на антрополошкиот институт на универзитетот на Висконсин, Медисон во САД.


„... Во праисторијата, антиката и во средниот век, миграциите беа многу ретки, ако и воопшто, во придружба на целосна замена на населението. Со многу мали исклучоци, тие епохи не беа запознаени со геноцидот, резерватите, или масовните депортации. Нормално имаше некој вид на континуитет меѓу староседелците и новодојденците.“


Тест на хипотезата за миграција: „Словенски движења во карстниот регион на Југославија“

Студијата ја презентира тезата дека миграционата хипотеза мора да биде тестирана преку скелетните популации, како и од други сфери на информации: подмножества на материјалната култура, лингвистика, историски податоци, и топоними. Таа ја тестира Нултата хипотеза дека Словените го замениле домородното население на Илирите во карстниот регион на Југославија по средината на 6 век н.е. Се отфрла Нултата хипотезата со едноваријантните и многуваријантните краниометрички анализи на временско последователните популации во карст зоната : (1) Пред-Словенски, (2) Рано-Средновековни, (3) Доцни Средновековни, и (4) од поново време.

Заклучокот е дека има многу мала морфолошка разлика меѓу пред-словенското население и словенското население на карстната зона.

Објаснувањето за Словенизацијата во карстните зони мора да се бара во културно-јазичната сфера, а не во феноменот за замена на населението.

„...често, за населението (биолошко) се претпоставува или заклучува од појавата на промена во културното поле, сепак културните промени не треба да подразбираат и промена на населението.“

- Глорија Жан Ј’Единак, Универзитет на Чикаго 1976 година.


Католичката енциклопедија од 1912 година вели:

„Следствено, ако ги следиме строго пишаните историски извори, од кои еден дел се многу сигурни, ќе бидеме обврзани да ја поддржуваме теоријата дека оригиналната татковина на Словените е во земјите по должината на Дунав и на јадранскиот брег.“


Вистина, се’ она што може да биде кажано со сигурност е дека до десеттиот век од н.е. група на луѓе или многу луѓе беа идентификувани како ''Словенска'' јазично-културна група или/и биолошка-расна група кои беа мнозинство на населението во Источно-Централна Европа...

Пол Барфорд (2001, 2005) и Флорин Курта (2001, 2005, 2006) показаа дека има многу малку (ако и воопшто има) веродостојни информации во врска со Словените и нивната татковина т.е. нивното родно место пред седмиот век од н.е.

Податоците генерирани од дендрохронологијата (високопроцентен метод за датирање кој во одредени случаи обезбедува и апсолутно и релативно датирање) покажува дека во Источно-Централна Европа таканаречената словенска култура... неможе да биде датирана порано од 700 од н.е. (Курта 2005: 9).


Пол Барфорд, познат британски специјалист за полската археологија го завзема ставот дека има многу малку докази за Словенско присуство во Полабија (денешна источна Германија) и централна и северозападна Полска пред крајот на седмиот и раниот осми век.
Исто така, околу оваа територија има многу мало присуство на популација... пред доцните 600 години.(Барфорд 2005;62).

Постојат долговременски и сеуште далеку од решавање несогласувања околу тоа каде и како словенските предци на Полјаците, Чесите и Словаците “се појавија“ и дали тие се појавија прво во нивните моментални “татковини“ во некој период околу 6-от и 7-от век, како тие настанаа; и како тие “мигрирале“ или “пристигнале“ од некое друго место, од каде тие дојдоа.
Нема ниту консензус за природните и временските процеси кога Словените се разделиле или соединиле на Западни, Источни и Јужно Словенски лингвистички и етнички групи/групации.

„Изгледа многу веројатно дека имало големи етнички и лигвистично идентификувани словенски популации во Источно Централна Европа пред шестиот век. Пред тоа, важно Византиското Царство беше ''тотално во заборав за постоењето на барбари наречени Словени на нивната Северна граница.“

Термините (со кои се означувани Словените) изгледа дека биле лажни и присвоени од Источните Римски писатели за опис на одредена група барбари само во 550тите години. (Барфорд 2001: 36).

Понатаму, веке долго не е веродостојно дека предците на Западните Словени “мигрирале“ до Источно Централна Европа од некое друго место. Нема доволна докази да се поддржат постарите хипотези кои сугестираат на голем степен на преместување (дислокација) од тоа што е сега Украина и/или Белорусија во Источно Централна Европа (Барфорд 2001; 16, 45-6; Курта 2001: 336-7; 2006: 56).

Понатаму, неверојано е да се претпостави дека овие големи словенски преселби и двизења од овој вид би биле комплетно незабалежани од тогашните соседни луѓе и држави.

Уште и експанзијата на Словените за да бидат најбројната етно-културна група во Источно-Централна Европа, Балканот и Русија до деветтиот век беше премногу брзо за да биде објаснето како природна демографска експлозија (Барфорд 2001: 16; Урбањчик 2005; 142).

''Стапката на репродукција потребна за да ги наполни новите територии со потомците на оригинално малата популација, без разлика како е пресметана, е биолошки невозможна(Барфорд 2001: 46). “

- Второ издание на „Историја на источно-европската криза и промена“ (2007) од Robert Bideleux и Ian Jeffries стр. 137-39.

Расните карактеристики очигледно покажуваат дека речиси и да нема наследни промени во историските времиња.


Досега ги прочитавме јасно дефинираните ставови на:

o Институтот за Антропологија во Познањ, Полска

o Археолошка карта на Македонија од МАНУ,

o Европскиот институт во Лондон за прочување на древните Словени,

o Марио Алинеи од Универзитетот во Утрехт, лингвиста специјализиран за древните јазици

o Анатолиј Кзанов од Институтот за етнографија, од Универзитетот на Висконсин, Мадисон, САД.

o Глорија Жан Ј’Единак од Универзитот на Чикако, САД.

o Роберт Биделукс и Јан Џефрис од Сванси Универзитот, В. Британија

продолжува...

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles