Во статијата Македонските Јованки Орлеанки, од весникот The Saint Paul Globe (8 мај 1904 година) е опишано едно херојско дело на Еленка Спасова, Македонката налик принцеза-воин од германските епови за Валкирите.

Во статијата Македонските Јованки Орлеанки, од весникот The Saint Paul Globe (8 мај 1904 година) е опишано едно херојско дело на Еленка Спасова, Македонката налик принцеза-воин од германските епови за Валкирите.

„И само со ризикување на животот може да се постигне слободата; само така се проверува и докажува дека суштината на самосвеста не е чисто постоење... Единката која не го ризикува својот живот, несомнено, може да стекне признание како личност, но таа не ја постигнала вистината на ова признавање како независна самосвест.” -Г. В. Ф. Хегел, Феноменологија на духот
Македонската борба го означува временскиот интервал од 1904 до 1908 год., период непосредно по завршувањето на Илинденското востание од 1903 год., по кое грчката држава одлучила вооружено, со паравоени формации испратени од Kралството Грција да интервенира во делови на османлиска Македонија.

Во статијата „Македонските Јованки Орлеанки“, од весникот The Saint Paul Globe, пишува за уште една македонска Јованка Орлеанка - македонската учителка од Серес, која судбината ја натерала да земе оружје в раце и да се бори за ослободување на Македонија:

Благодарение на проф. А. Каменски, доцент на катедрата по историја на филозофијата на Пермскиот државен универзитет, ставаме на располагање ретки книги и архивски материјали од архивата на оваа библиотека кои произлегуваат од дублетниот книжен фонд на Универзитетската Петроградска Библиотека кој за време на нејзината евакуација во Првата Светска војна беше преместен во Перм.





Македонски глаголски листови потекнуваат од XI век.
Има 8 пергаментни листови со различна големина сочувани фраментарно + 3 остатоци од пергамент. Пишувани се со обла глаголица.
Ракописот е пронајден во Рилски манастир, 2 листа се однесени во Русија од В.И. Грегорович, а остатокот е пронајден од К. Иречек во 1880 г. И од Ј. Иванов во 1936 г.
На вториот лист има грчки и кирилски записи (Види слики).
Содржината представува делови од Парензисот на Ефрем Сирин и дел од обредната исповедна молитва, која покажува блискост со дејноста на Св. Климент Охридски.
Место на чување, Санкт Петербуг, I и II лист Библиотека на РАН, бр 24.4.25, Библиотека на Рилскиот манастир бр. 3/6.
КОНТИНУИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ КНИЖЕВНО - ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ
Илија Велев
Проследувањето или претставувањето на книжевно-историските процеси реализирани на тлото на Македонија е мошне сложен процес и подразбира утврдување на определен мозаик од периодични рамки. На прв поглед тоа е тешко да се стори, зашто на македонскиот простор се премостувале поголемиот број основоположени традиции низ времињата и секоја сама од себе оставала поширок извор и посилен степен на влијанија. Но, познатите воено-политички и пошироко социолошки околности влијаеле да се притемнува културно-творечката орнаментика и постапно да се оттуѓува македонското историско препознавање, за да се позајмуваат делови од нејзиниот историски идентитет и да се вградуваат како прилагодено искуство во темелите на туѓите соседни традиции. Ваквата сложена истражувачка обврска често ги тераше досегашните книжевни историчари македонскиот книжевно - историски развој да го проследуваат преку парцијални периодични рамки, па дури се среќаваат и тези за неговиот дисконтинуитет. Сепак, за да бидеме поконкретни и пореални треба да истакнеме дека за тоа влијаеле два клучни фактора.
Прво, во историски контекст познатите воено-политички и црковни околности ги подредиле Македонците во незавидна положба на целиот свој етнички простор, при што процесите на асимилација и прогонства ги принудувале на дистанцирање од сопствениот национален, духовен и културен идентитет. Ваквата ситуација се должела пред сè на позицијата на Македонија како отворен простор за завладејување скоро од сите соседи, при што таа не успеала да промовира сопствена конституирана државна територија и се наоѓала во стегите на туѓите државни протекторати. Тоа се основните причини, што во повеќето периоди од ширењето на просветителските и националните преродбенски идеи меѓу народите на Балканот, Македонците се вклучувале спонтано во одот по мрачните ходници на себепрепознавањето - најчесто губејќи ја насоката кон една, втора, трета или четврта национал-асимилаторска маршута. Затоа и истражувачите од средините на секој историски завојувач на Македонија самоволно ги преименуваат книжевните процеси, што се одвивале на овие простори. Тоа е случај дури и во нашево современие. Во таквите асимилаторски доктрини се заборава на основното социолошко начело дека, освојувачите на определен туѓ национален простор по нивното повлекување имаат право да претендираат на дел од воената историја, но не и да ги присвојуваат книжевните традиции создавани од домородниот духовен и културен извор.
Вториот фактор е уште поконкретен и се однесува на доцното формирање на македонската историографија како самостоен истражувачки импулс, како и на недоволното формирање научни кадри, кои во своите истражувачки програми ќе ја имаат областа на македонската книжевна историја. На тоа се придружува и покомотното, ќе речеме и недоволното стручно упатување за сообразувањето на македонската книжевна историја со социолошкиот амбиент на времето во кое се одвивале односните книжевни процеси. Оттука произлегуваа импровизираните тези за дисконтинуитетот во историскиот развој на македонската книжевност.
Македонската книжевна историја се развивала континуирано во сите периоди од сопствената вековна опстојба - од антиката, преку ранохристијанскиот и средновековниот период, во раното просветителство од втората половина на XVI век до пројавите на народните преродбенски будења во XIX век, па сè до периодот меѓу двете светски војни и до современиот творечки развој. Потребите на времињата за општи духовни препознавања и културни прелевања меѓу народите предизвикале нејзиниот развој да се имплементира во заедничките творечки конгломерати со древномакедонското творечко наследство во класичноеленистички супстрат, со римската или византиската книжевност, како и со словенските книжевности (од кои потесно со јужнословенските), и сл. Поставена пред ваквиот историски контекст, македонската книжевност не восприемала само влијанија, туку таа и партиципирала со сопствени развојни препознатливости произлезени од надградбата на нејзината традиција. Ваквиот феномен е препознатлив во сите останати книжевни истории, кои се третираат како национални од денешна современа дистанца за претставување на посебното од општото.
Често почетоците на историскиот развој на македонската книжевност се бараат во дејноста на Светите Кирил и Методиј, а особено континуитетот на нејзиниот творечки растеж тргнува да се проследува од делата на нивните најистакнати ученици и следбеници - Светите Климент и Наум Охридски, основоположниците на Охридската книжевна школа и протагонисти за ширење на словенска цивилизациска свест. Скоро секогаш остануваа за коментирање и заклучоците дека тоа не значи оти пред тој период, во древните и во ранохристијанските традиции, во Македонија не се одвивале своевидни духовни и културни творечки развои. Познато е дека македонскиот простор отсекогаш бил центар на Балканот, од каде што се активирала дисперзијата на влијателните цивилизациски трансформации низ различните периоди. Токму тргнувајќи од ваквиот истражувачки дефицит во книжевната историографија ние укажуваме на потребата континуитетот на македонскиот книжевно - историски развој да се проследува постапно и во периодите до кирилометодиевската традиција.
Продолжува...
Со назив „Македонски Кириличен лист“ од XI век - во науката е познат древно црковно-словенскиот ракопис, пронајден од А.Ф. Гилфердинг во Македонија и подарен на И. Срезневски.
За Џон Адамс, вториот претседател на САД, Македонија e посебна од Грција.
Со постоењето на јазикот се покажува и докажува постоењето на еден народ. Најголем доказ за постоењето на еден народ се јазикот, на кој зборува, и неговото минато, неговата историја. Ние, Македонците, можеме да се гордееме со јазикот на кој говориме, бидејќи македонскиот јазик има огромен фонд на зборови, што ни дава можност појасно и попрецизно да се изразиме, и е столб на сите словенски јазици, н.з. македонскиот јазик е подлогата за создавање на старословенскиот јазик.

Овој документ е од Француската дипломатска кореспонценција, кој потекнува од 1919 година од француските воени дипломатски кругови во Солун и носи епитет: тајно.
Могорче е најголемото село во Дебарска општина. Тоа има околу 1.400 жители. Жителите од ова село во пазувите на Стогово се Македонци - муслимани, а зборуваат македонски јазик.


Во статија со наслов „Македонските Јованки Орлеанки“ (стр. 5) објавена во весникот The Saint Paul Globe, од 8. мај 1904 година, пишува за Катерина Арнаудова, најпознатата македонската Јованка Орлеанка, која повеќе пати е споменувана во странскиот печат:

Во светот постојат многу жени хероини и многу жени светици, но Македонија ја има жената хероина и светица - заборавената Ана Симитчиева.

„Проф. Цанков во својот говор го вели следново: “... г-дин Попов, настојуваше да ја дешифрира политиката на г-дин Багрјанов. Мене тоа не ми треба, мене ми е јасна. Поставувам само четири прашања на г-динот Премиер:
Во првата половина од1924 год. Ставридис, како член на КПГ, во Солун и Атина се сретнал на неколку пати со Тодор Паница, кој во Грција допатувал како претставник на ВМРО, со лажен пасош, заведен со презимето Аврамовиќ, како трговец од Скопје.

ПРЕПИСКИТЕ ПОМЕЃУ ЈУГОСЛОВЕНСКОТО РАКОВОДСТВО И СОЈУЗНИЦИТЕ ПО ПОВОД ЈУГОСЛОВЕНСКО - БУГАРСКИТЕ ПРЕГОВОРИ
ЗА ФЕДЕРАЦИЈА И ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ НА ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА КОН НР МАКЕДОНИЈА (1944-1945)
Саркис Канојан е роден во Тифлис, Ерменија во 1877 год. Средно училиште завршил во родниот град, а универзитет во Петроград.
Никогаш не сум го видел, а толку близок го знам. Никогаш не сум го чул, а така јасно го слушам речиси полни шест децении. Во 1945 година имаше малку македонски книги. Уште мал ги купував сите тогашни изданија.

Министерството за надворешни работи на Франција во своите архивски центри во Париз и во Нант ги чува архивските фондови, кои сведочат за активностите на француската дипломатија и за настаните во светот во последниве неколку векови.
No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.
Македонци убивале во Марсеј, Виена, Милано, Прага... За девет години во вардарскиот дел на Македонија извршени 85 атентати.

Page 1 of 4