Сабота, 25 2013

MacedonianEnglish
Локација: History and Ideology Exposing Propaganda Ужасот во Катраница

Ужасот во Катраница

No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Македонската историја е сведок на многу крвави настани ,во кој Македонците биле убивани,измачувани на ѕверски начин. Еден таков настан кој е помалку познат се случи во Катраница за време на втората светска војна.

 

 

Селото Катраница се наоѓа во егејскиот дел на Македонија. На 24. април 1944 год. се случи најголемиот масакар од страна на германските војници, мажи, жени, деца и постари луѓе биле егзекутирани или изгорени во пленвни од германските и грчките партнери. Но, до која обезличеност и нечовечност може да втаса човекот, доживеа Катраница, при овој налет на грчките фашистички банди од април 1944 год. Очевидецот Димитар Шопов вака го опишува пеколот во Катраница :

„Точно два дена траеше бурата над Катраница. Од самото селско ридче кога влеговме во селото се чувствуваше смрдеа на лешеви и на сите очите ни се насолзија кон малата чистинка, каде беа исфрлени купишта трупови...

На седум места труповите беа нафрлени еден врз друг...Страшна кланица на мажи, жени и деца. Некои глави беа сосема здробени со исфрлен мозок. На други пак се гледаше каде пробил куршумот. Повеќе беа убиени во тилот, здробени со казби...

Во една плевна биле затворени повеќе луѓе, била запалена и изгорена. Само купишта коски, собрани пред вратата во обид да излезат, но тука изгореле. Германците и бандата на Пулос откако сите девојки ги обесчестиле, ја запалиле плевната. Во тој пламен изгорела и учителката откако над неа ги задоволиле животинските страсти над 20 бандити...

Влеговме во еден двор. До самиот праг еден легнат старец со столчена глава со камен. До старецот седнато едно 5-годишно дете. По се изгледа дека детето кога ги забележало оружените лица си ги затворило со раката очите од страв. Детските кревки гради беа пронижени со безброј куршуми и тоа останало така смрзнато, залепено за ѕидот, а до него стоеше недокастрено стапче и нож “

- За истото дивеење во Катраница, се бележи и во еден Извештај од 21. X. 1944 год. од Потполковник Дионисис Каранџис – Мелас, Командант на единица на ЕЛАС, кој меѓу друготo пишува :

“...од беглиот опис што го давам за страдањето на градчето Катраница, колежот извршен од Германците и нивните домашни соработници ПАО и Пулус, ќе можете да ги сфатите размерите на злосторставата..

Градчето Катраница од 1 000 куќи, откако целосно беше разурнато, откако ги изгуби покуќнините, 12 000 грла овци и кози, 1 500 глави крупен добиток, плати и данок во крв од 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин..

..нашите очи гледаа купишта од трупови, еден од 35 трупови, друг 67, трет 94 и уште еден од 125, и.т.н..

Како историчарот ќе го крсти случајот на смртта на онаа бремена жена од Катраница, која е фатена во пештерата во моментот на породувањето и откако е оставена наполно сама да ги поднесе болките од породувањето е убиена веднаш по породувањето заедно со својата рожба “.

Многу од луѓето кои преживеале побегна во околните села и градови.Па така по несреќата, селото никогаш не достигна  својата поранешна состојба. Претходно, селото броеше  2500 жители, а денес има  прилично  870 жители  Многу поранешни жители сега живеат, работат и имаат семејства во други градови ,а  местото  го посетуваат за време на одмор.

Судбината на малечкото село Ктраница е само предвесник за ужасните и крвави настани кои следеле потоа во Егејска Македонија. Како и многу други села, така и ова село остана уништено, но не и заборавено. Пораката која до Македонците беше пратена со уништувањето и убивањето во селото, беше порака за покорување, терор, срам. Но, на Македонецот секогаш овие нешта му биле туѓи, па наместо да ги прифати синџирите кои му се наметнуваа, востана и ги раскина синџирите на ропството, приклучувајќи се на земјите кои му нанесоа пораз на фашизмот и неговите слуги.

извор :Македониум

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles