Петок, 24 2013

MacedonianEnglish
Локација: History and Ideology Exposing Propaganda Себе си се нарекуваат Македонци! (2 дел)

Себе си се нарекуваат Македонци! (2 дел)

No translation available at the moment. We are working on it. Thanks for your patience.

Со примерите кои следуваат како продолжение на првиот дел (види овде) им ставаме крај на тенденциозните тврдења за тоа како се декларирале Македонците наспроти имињата со кои биле нарекувани од пропагандните страни.


 

Исто така сродна тема: „Значењето на термините “Грк“ и “Бугарин“ во однос на Македонците“

16. Ние Македонците, не Срби, не Бугари, а просто Македонци.

17.„...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“
18
. Поради тоа во Македонија настана една таква положба што еден ист народ го нарекуваат Грк, Србин и Бугарин само затоа што еден го признава грчкиот патријарх и се моли во грчките цркви, а друг оди во словенска црква.
и
„Не обѕирајќи се на тоа српската, грчката и бугарската влада, заради проширување на своите граници на македонска територија, не штедат средства и ги истребуваат Македонците што не сакаат да се нарекуваат Грци, Срби и Бугари и оние што не знаат да зборуваат срски и грчки.
19. “Од друга страна, со помошта на нивните шовинистички весници прават напори да не’ прикажат нас Македонците како “Славофони“ и “чисти Грци“.
20. " Според нас иднината на Македонија се определува од латентната и непрекината мисла што назрева и се оформува во духовите на населението на таа несреќна област во полза на создавањето вистинска македонска народност. Јас имав случај да распрашувам мнозина француски офицери што војуваа на Источниот фронт за српските и бугарските стремежи на Македонците. Сите ми одговорија дека Македонците на прашањето:Срби ли се или Бугари?: одговарале 'Македонци!'. "
21. „Мене лично ми прави впечаток, специјално во мојата општина дека македонскиот Бугарин кога ќе му се постави прашањето при давање на разни податоци за својата националност сака да се именува како Македонец а не Бугарин и кога ќе му се објасни, дека Македонија е провинција и дека во неа живеат различни народности (Турци, Албанци, Цинцари и др.) и дека ако и тие се викаат обшто Македонци нема да има меѓу нив разлика, едвај тогаш се именува Бугарин“
22. Германскиот социјалдемократ Hermann Wendel, кој ја посети Македонија во август и во септември 1920 година систематично прашувајќи ги луѓето што се тие. Во Битола тој запишал: „Словените се нарекуваат себе си МАКЕДОНЦИ како и секаде каде тие стојат меѓу Србите и Бугарите, знаејќи го ова и само ова.“

23. Во Прилеп: "На мостот млади луѓе си играат, едниот не се срамеше запрашан: „Јас сум Србин, но оние (покажува на другите) се Македонци "-" Од каде сте ?"-" Од Ниш ",
И во Ресен: "Роеви на момчиња наоколу автомобилот, "Добро, што си ти?" Тој погледна срамежливо и неразбирливо, "Тој е Турчин", викна хорот. "Аха? А Вие (до хорот)?" - " Македонци!", испукаа, како од пушка. "

24. Исто така, Едмонд Боуши де Беле во 1920 година изјави, дека доколку словенскиот Селанец од регионот на Острово (во Грција) или Монастир (Битола) беше прашан што е тој, во девет од десет случаи одговорот беше Македон.
Неговиот заклучок беше:
"Un observateur de bonne foi classera donc a part cette population a laquelle le non de "Slaves Macedoniens" ou simplement de "Macedoniens" parait le mieux convenir".
(Превод: Чесниот набљудувач би го класифицирал ова население како “Словенски Македонци“ или едноставно “МАКЕДОНЦИ“ како што најдобро одговара.)

25. Теодосиј Гологанов, 22 јуни 1891 година,  писмо до проигуменот Дионисиј:

…Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат… “

и

„… Мое мислење е дека ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го кренеме нашиот народ да се разбуди, да ѓи отфрли туѓинските управи, да ги отфрли и Патријаршијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во крилото на Охридската архиепископија, неговата вистинска мајка црква.“

26. "... Сеуште постојат оние кои денешните жителите на Македонија не ги сметаат ниту за Срби или Бугари, туку за одделна народност, веројатно потомци на античките Македонци. ..."


... Продолжува!


Референци:

16. „Македонски Голос“ 8 јуни 1915 година, Санкт Петерсбург, Русија.

17. Ден Голема Богородица на 1846. Ѓорѓи Македонски, 15, т.Први, 282 Богослужбена книга “Општи Минеј“ во црквата св.Параскева во с.Радибуш - Кривопаланечко, на последната непажинирана страница

18. Наце Димов, „Историски очерк Македонии и македонских славјан“, 1913 година.

19. Македонско Дело , X/195, Фебруари 1935, стр.8

20. "Македонска свест", в. Мир, 2 мај, 1924 година

21. Извештај од М.В.Р.Н.З. селска управа на Дихово од Битолската околија бр. 36, со дата 18.06.1942 година со ознака „Поверливо“ адресиран до Обласниот Директор и Околискиот Управител на гр. Битола.
22.
Wendel, Kreuz Und quer durch den slawischen Suden, S.86.

23. Wendel, Kreuz Und quer durch den slawischen Suden, S.83 und 95.

24. Edmond Bouchie de Belle, La Macedoine et les Macedoniens, p. 44

25. H. Andonov-Poljanski, editor, Documents on the Struggle of the Macedonian People for Independence and a Nation-State, Vol I, Skopje, 1985, pp. 315-319

26.
Slishkovikj Jakov, "Albania and Macedonia", Sarajevo 1904, pp. 160

Add comment

- Unregistered members:
Your comments will show after review from administrator.
- Registered members:
Your comments will be shown immediately
For all: Please use polite language, comments with offensive language will be removed.


Security code
Refresh

Linked titles